| |

Канада не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина

Канада не ја исклучува опцијата да испрати свои војници во Украина со цел обезбедување на идниот мир со Русија. Ова денеска го изјави канадскиот премиер Марк Карни за време на својата посета на Киев, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Работиме со нашите сојузници во коалицијата на подготвените и со Украина на можностите за реализација на овие гаранции за безбедност по копно, воздух и море. Не би го исклучил присуството на (наши) војници. Според проценката на Канада, не е реално на среден рок единствена гаранција да биде силата на украинските вооружени сили. Таа гаранција мора да биде зајакната и поддржана. Затоа ја основавме коалицијата на подготвените и затоа сме задоволни од одзивот на САД (по ова прашање)“, изјави Карни.

За време на средбата во Киев, премиерот Карни и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа договор за заедничко производство на дронови. Канадскиот премиер најави дека до крајот на септември Киев ќе добие воена опрема од Отава во вредност од над 700 милиони американски долари.

Слични Објави