„КРЕАТИВНА МАКЕДОНИЈА“ СО ТРИДНЕВЕН БАЗАР НА РАКОТВОРБИ ВО PUBLIC ROOM

//

Институт „Креативна Македонија“ организира тридневен базар на рачни изработки, што ќе се одржи во Јавна Соба(Public Room) од 17 до 19 октомври со почеток од 12ч. до 20 часот.

„На базарот ќе учествуваат  околу десетина  ракотворци, кои ќе се претстават со свои дела. Во рамките на базарот, ќе се одржи и донаторска акција за Јана Арсовска од Охрид, која веќе неколку години се бори со многу редок карцином, адултен неуробластом“- изјави за нашиот портал една од организаторките Кристина Паскоска.

Од институтот „Креативна Македонија“ ги покануваат сите љубители на ракотворбите да го посетат базарот и да направат едно добро дело донирајќи за Јана.



Базарот е во рамките на проектот „Ехо во минатото,крик во сегашноста“ во склоп на Институтот „Креативна Македонија“.

Претходна статија

ДЕРАЛА: ЗНАЕ ЛИ МАКРОН ДЕКА ИМ ПОМАГА НА ТИЕ КОИ НЕ САКААТ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ

Следна статија

ГДУ-ШТИП: ГОЛЕМА ПОДЕЛБА НА СДСМ ВО ШТИП, НА ЕДНИОТ МУ Е ЛАДНО НА ДРУГИОТ МУ Е ТОПЛО!!!

Најново од Вести