| |

ЕРДОГАН ПОЧНА КАМПАЊА ЗА ПОМОШ НА СИРОМАШНИТЕ: ЌЕ ДОНИРА 7 СВОИ МЕСЕЧНИ ПЛАТИ

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган објави дека ќе донира 7 свои плати како помош во борбата против Ковид-19 во Турција.

Со овој потег Ердоган сака да инициира национална кампања за солидарност, како што самиот тој изјави во своето обраќање до турските граѓани.

Во своето обраќање преку видеоконферентна врска Ердоган ги повика сите институции, граѓански организации и обични граѓани да се влучат во кампањата според своите можности.

Целта на кампањата е да се помогне на најсиромашните граѓани на Турција, кои се погодени и економски од ширењето на болеста Ковид-19.



Слични Објави