| |

ПРАТЕНИЦИТЕ ЈА ИЗГЛАСАА ПОТРЕБАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕ СО 5% НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Собранието почна седница на која по скратена постапка треба да се донесат измени на Законот за исплатата на платите, што предвидува од септември 2019 година платите да бидат зголемени за 5 проценти за сите вработени во јавниот сектор.

Пратениците изгласаа потреба за донесување на законот по скратена постапка, по предлог на пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири-Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.

Пратеникот Јован Митревски образложи дека покачувањето за 5 отсто на платите во јавниот сектор ќе ги опфати буџетските корисници – јавните установи, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите итн…

Слични Објави