Стармер: Постојат „реални“ шанси за прекин на огнот во Украина пред разговорите меѓу Трамп и Путин
Британскиот премиер Киер Стармер изјави дека во моментов постои „реална“ можност за постигнување прекин на огнот во Украина, пред претстојните преговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јавува БГНЕС.
„Овој конфликт трае веќе три и пол години, а ние сè уште не сме се доближиле до реален начин за постигнување примирје“, рече Стармер на состанок на европските лидери, пренесе АФП.
Тој нагласи дека шансата за напредок е резултат на „напорите што ги вложи американскиот претседател“. Изјавата ја даде за време на видеоконференција, која се одржа пред самитот во Алјаска закажан за петок, 15 август.

