БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ШТО ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА ДОСТИГНА 35 ЛИЦА

Бројот на загинатите од земјотресот, што во петокот вечер ја погоди Турција достигна 35 лица, пишува весникот „Туркије“. Претходно, беа објавени информации за 31 загинати и 1607 повредени.
Спасувачите успеаја да спасат уште три лица од урнатините, при што бројот на спасените лица достигна 45.

Во рушевините е пронајдено живо и 5-годишно девојче, неговата мајка исто така го преживеала земјотресот.

Во тек е голема спасувачка операција, но како што одминува времето, шансите да се најдат преживеани се намалуваат.
Турскиот претседател Таип Ердоган соопшти дека повеќе од 100 луѓе остануваат во болниците на лекување по земјотресот.

Потсетуваме дека земјотрес со јачина од 6,8 по Рихтеровата скала ја погоди источна Турција во петокот вечерта. Две турски провинции, Елазаг и Малетија, беа најтешко погодени. Земјотресот е почувствуван во Израел, Ирак и Сирија.