|

ВМРО – ДПМНЕ : ЦАРОВСКА И СПАСОВСКИ ПРИЗНАА ДЕКА НАЈУСПЕШНИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА ГИ ВОВЕДЕ ПРЕТХОДНАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ

„Царовска и Спасовски денес признаа дека најуспешните мерки на Владата на СДСМ се оние кои што ги воведе претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на премиерот Спасовски и министерката Царовска.

На денешната прес конференција тие говореа за оперативниот план за вработување и за намалување на невработеноста во Република Македонија, притоа споменувајќи ги мерките на Агенцијата за вработување за докфалификација, старт ап бизниси и самовработување, мерки кои ги реализираше и ги воведе Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Добро е што конечно во СДСМ се буди свеста дека изминативе три години немаат ниту еден проект, ниту пак мерка со која ќе се подобри животот на граѓаните. Добро е што конечно СДСМ ги поздравува ефективните и во интерес на граѓаните мерки спроведени од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ изминативе три години не направи ништо за да го подобри животниот стандард на македонските граѓаните, една третина од македонските граѓани во месецот не можат да ги подмират основните давачки, повеќе од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, младинската невработеност е највисоко ниво во Европа, Македонците земаат најниска плата во регионот. Сето ова ќе се смени по 12 април кога доаѓа времето на обновата за Македонија“, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави