Кристин Лагард го откри дизајнот на бугарските евро монети
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, на својот профил на Facebook објави ексклузивен преглед на дизајнот на идните бугарски монети од 1 и 2 евра, пренесе БГНЕС.
„Иако ќе треба да почекаме уште малку за да ги видиме овие монети во оптек, овој прв поглед ни овозможува да ја видиме прекрасната национална страна, избрана од Бугарската народна банка ,“ изјави Лагард.
Таа нагласи дека дизајнот го зачувува континуитетот со постоечките бугарски монети и вклучува симболи длабоко вкоренети во културното наследство на земјата – симболи кои се особено значајни за бугарскиот народ.
Ова објавување претставува важен чекор во процесот на премин на Бугарија кон еврото и им дава можност на граѓаните и колекционерите да ги запознаат и ценат новите пари.
Бугарија официјално ќе стане дел од еврозоната на 1 јануари 2026 година.

