(Видео) Перев: И македонската историска наука знае дека Самоил бил бугарски цар

//

Препораките што беа обелоденети од историската комисија беа прифатени во РС Македонија со измешани чувства. Поголемиот дел од историчарите сметаат дека Царот Самоил е бугарски цар. Ова за Нова телевизија го изјави публицистот и редовен колумнист на порталот Трибуна, Владимир Перев. Според него решенијата не се формалност, туку тие ќе бидат прифатени од двете влади.

Според Перев има три важни точки што треба да се расчистат. Првата е општо познатата дека Самоил е бугарски цар, нешто што според него го знаат и македонските историчари. Втората точка е дејноста на апостолот Св. Павле и третата точка е поврзувањето на македонската историја и Македонците со елинистичката античка историја.

„Во моментот две работи се поважни од тоа чиј цар е Самоил. Светската наука а и македонската наука тоа го знае. Се знае дека тој бил цар на првото бугарско царство. Таа работа е историски завршена. Медијавистиката тоа го решила. Другите две точки важни е тоа што треба да се расчисти улогата на Св. Павле, за неговото преминување низ македонските земји, за да се каже дека Св. Павле не е основач на никаква македонска црква, тоа стои во позадина. И третата работа е поврзана со Македонија и Македонците и нивното поврзување со елинистичката античка историја. За прв пат официјално се прекинуваат врските на Македонија и на народот што живее тука со античката грчка историја“, вели Владимир Перев.



„Во Македонија не постои сериозно мислење дека македонската страна треба да ги исполни сите ангажмани. Тука се уште се очекува дека ќе има некаква промена во ЕУ во корист на Македонија, дека ќе се појави некаква сила што ќе ги заштити правата на Македонците, како што се зборува тука. Македонија оди по линијата за минимално спроведување на неопходните чекори што е потребно да бидат спроведени“, изјави Перев.

Претходна статија

Амбасадорот на Србија во Бугарија: Ви благодариме браќа Бугари за се што добија нашите граѓани по страшната сообраќајна несреќа

Следна статија

Добре Митрев: Уште колку ЦИЦАЧИ на буџетот има за кои не се знае дали воопшто одат на работа?

Најново од Вести