Амбасадорот на Србија во Бугарија: Ви благодариме браќа Бугари за се што добија нашите граѓани по страшната сообраќајна несреќа

/

Речиси сите српски деца кои патуваа со автобусот што се преврте на автопатот „Тракија“ од вчера веќе се во Република Србија. Две момчиња во најтешка состојба се во болницата „Пирогов“. Има уште едно семејство – татко, мајка и три ќерки кои останале во болницата во Стара Загора. Има и возрасен човек кој е со ампутиран дел на телото. Сите други сега се во Република Србија и се надеваме дека за неколку дена ќе бидат дома кај нивните семејства. Ова го изјави за БНТ амбасадорот на Република Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ.

„Лично јас и сите мои пријатели во Србија, сите српски институции сме презадоволни од сето она што го добија нашите граѓани по оваа страшна катастрофа. Во таква ситуација никогаш не може да се биде задоволен, но кога ќе видите друг народ братски, дружељубив, како се грижи за своите граѓани, не можете а да не бидете задоволни. Тоа им го кажав вчера на моите бугарски пријатели, ако мораше да се случи ваква катастрофа, добро е што се случи во Бугарија.

Благодарам браќа Бугари, им благодарам на сите институции, му благодарам на градоначалникот на Стара Загора, му благодарам на обичниот народ. Овде не беа само институциите. Во првиот момент видовме реакција на обичните луѓе кои се враќаа од морето, кои веднаш реагираа, не размислуваа за себе, за своите деца во автомобилите, туку размислуваа како да им помогнат на децата на кои им треба помош. Голема благодарност до сите што учествуваа“, вели амбасадорот Јовиќ.



Амбасадорот рече и дека несреќата е прашање број еден во Србија и се разговара кој е виновен и зошто се случила истата.



Претходна статија

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

Следна статија

(Видео) Перев: И македонската историска наука знае дека Самоил бил бугарски цар

Најново од Вести