|

Добре Митрев: Уште колку ЦИЦАЧИ на буџетот има за кои не се знае дали воопшто одат на работа?

„Агенција за нуклеарна технологија, Агенција за поддршка на претприемаштвото, Агенција за остварување права на заедниците, Агенција за јазик, Инспекторат за животна средина и служба за просторен информативен систем, Управа за семе и семенски материјал и Управа за заштита на растенијата. Ова се само дел од државни Органи што не се знае што и како работат и сите се на товар на буџетот на државата. Ќе знае ли некој да објасни какви стручњаци работат таму?! Посебно во Агенцијата за иселеништво, откако постои, околу 400 000 се имаат иселено од Македонија.
Е ова се ЦИЦАЧИ на буџетот а не се знае дали воопшто одат на работа. Прашањето е уште колку ги има!“, напиша на својот facebook профил Добре Митрев, претседател на здружението Македонско-бугарско пријателство- Скопје.

Слични Објави