НА МЕКИЦИ ВО ОХРИД СЕ ЗАРАЗИЛЕ 12 ЛУЃЕ, А ПОВЕЌЕ ОД 40 ЛИЦА СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Дванаесет луѓе во Охрид се заразиле со коронавирус на семејна прослава на која се славело раѓање на бебе, а преку 40 се ставени во самоизолација, потврдиле за НОВА од Центарот за јавно здравје во Охрид.

Меѓу заболените, како што пренесе НОВА, е и таткото на бебето за кој се претпоставува дека е изворот на овој нов кластер. Тој е хосипитализиран во болницата во Битола, со лесна клиничка слика.

Неофицијално, на прославата за два дена продефилирале околу 200 луѓе. Семејната прослава се случувала во дворот на куќата.

Целиот текст прочитајте го на НОВА.