(ВИДЕО) КОЛЕВ: КОЈ И ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ ИМ ЈА ПЛАТИ ШТЕТАТА НА ЗАСЕГНАТИТЕ ДУЌАНЏИИ ВО ГТЦ-КОЧАНИ?
Добив порака од засегнати дуќанџии од Градскиот трговски центар во Кочани, за штетата која им е направена поради обилните врнежи а дошло до поплава на нивните дуќани поради несредената канализација. Сите дуќани што се наоѓаат на приземјето во ГТЦ- Кочани се поплавени.
Додека градоначалникот на Кочани Николчо Илијев го „ремонтираше“ трговскиот центар и ги сменуваше плочките околу центарот за да го разубави неговиот изглед, заборавил на најважната работа а имено средувањето на канализациониот систем во самиот објект. Прашањето е следно, кој и дали воопшто некој ќе им ја плати сега штетата на самите дуќанџии? Овој ли е вашиот начин на кој што им помагате на граѓаните? Во секое ваше предизборно излагање наназад 30 години предложувате секакви проекти и помош кои ретко на крај се реализираат целосно или воопшто се почнуваат. Ако сакаме да имаме унапредување на малиот и среден бизнис прво треба да се обезбедат основни услови за негово развивање. Кога ќе се развие малиот и среден бизнис ќе имаме реален раст на македонската економија.
Овие луѓе во Кочани без државна помош започнале свој бизнис за да не бегаат од нашата држава. Јас сега прашувам, после ваквите катастрофални последици за дуќанџиите, поради нецелосно завршената работа во трговскиот центар, како ќе успеете да ги задржите? Апелирам надлежните институции да го проверат овој случај. Некој треба да одговара и да плати за штетата со која се соочија кочанските дуќанџии, напиша на facebook Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија.