Младинци од Велико Трново со поддршка за паровите со репродуктивни проблеми
Десетици жители на Велико Трново ја поддржуваат младинската иницијатива „Со цвет во рака против репродуктивните проблеми“. Дводневниот настан е во организација на „Ротаракт клуб“ со поддршка на општина Велико Трново и фондацијата „Сакам бебе“. За секоја донација над 5 лева младите подаруваат роза или лале.
Младите од Великотрновскиот „Ратаракт клуб“ веќе петта година ја поддржуваат каузата на млад брачен пар кој се бори да добие свое биолошко дете, а на минувачите во центарот на старата престолнина им делат пролетни цвеќиња во замена за донација. За иницијативата раскажуваат Мариела Николова и Мариела Хаџирадева:
„Денот на мајката го пречекуваме со проблемот на потенцијалната идна мајка која поради некоја причина не може да има бебе“.
„Кој не сака повеќе деца и повеќе парови да го исполнат својот најдраг сон и да имаат свое дете?!
Кампањата е за поддршка на фондацијата „Сакам бебе“, рече регионалниот координатор Вероника Михајлова и посочи за кој ќе биде донацијата:
„За парови во донаторска програма, т.е. со исцрпена резерва на јајниците, бидејќи државата не поддржува такви парови, за разлика од класичното ин витро кое е финансиски помогнато“.
Голем број жители на Велико Трново се приклучија на првиот ден од кампањата за остварување на нечиј сон за дете:
„Секое семејство треба да има барем едно дете, затоа мораме да ги поддржиме.
„Секој има право да има свое дете, апсолутно треба да бидат поддржани.
Добротворната иницијатива продолжува денес и утре пред Великотрновскиот театар од 15 до 20 часот.

