КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО БИТОЛА ЦЕЛОСНО ИСПОЛНЕТ- ИТНИТЕ СЛУЧАИ СЕ НОСАТ ВО ОХРИД

/

Капацитетот на Клиничката болница во Битола која беше една од неколкуте Ковид центри за хоспитализирање на пациенти заболени со коронавирус е целосно исполнет, пренесува ТВ 21.

23 пациенти во моментов се сместени во одделот специјализиран за Ковид-19 со што идните случаи ќе се хоспитализираат во болницата во Охрид.

Ова на прес конференција го потврди и Министерот за здравство, Венко Филипче.



„Во Битола е исполнет капцитетот на одделението за КОВИД-19 зашто е регионален центар, сите пациенти од тој регион доаѓаат во Болницата. Сега од целиот регион пацинетите ќе се сметуваат во Охридската болница.“, рече Венко Филипче – министер за здравство.

Претходна статија

(ВИДЕО) КОЛЕВ: КОЈ И ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ ИМ ЈА ПЛАТИ ШТЕТАТА НА ЗАСЕГНАТИТЕ ДУЌАНЏИИ ВО ГТЦ-КОЧАНИ?

Следна статија

ГДУ: ПОМОШТА ОД ДРЖАВАТА ДА СЕ ИЗПЛАТИ НА СМЕТКИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ А НЕ НА КОМПАНИИТЕ БИДЕЈКИ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА

Најново од Вести