ГДУ: ПОМОШТА ОД ДРЖАВАТА ДА СЕ ИЗПЛАТИ НА СМЕТКИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ А НЕ НА КОМПАНИИТЕ БИДЕЈКИ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА

Пред повеќе од 2 месеци, на 7 април 2020 г. Граѓанско Демократска Унија-ГДУ апелираше парите од државната помош за компаниите погодени од корона кризата наместо на газдите, да бидат исплаќани директно на сметките на работниците. Денеска Сојузот на синдикати излезе во јавност со соопштение во кое повикува парите, наместо на газдите, да им се исплаќаат директно на работниците.

Во своето соопштение до јавноста од Сојузот на синдикати потсетуваат дека веќе реагирале за случаи кога одредени газди кои добиле помош од 14.500 денари од државата за исплата на плати на вработените, не им ги исплатиле целосните плати на работниците, или воопшто не исплатиле плати.

Токму тие злоупотреби беа предвидени од наша страна и затоа повикавме процесот за помаѓање на работниците, да не оди преку менаџментот на фирмите (нивните газди) туку директно преку трансакциските сметки на вработените во тие фирми.

Го поздравуваме барањето и ангажманот на Сојузот на синдикати и се разбира им стоиме на располагање за идна соработка. Мораме да подвлечеме, дека денешниот став на ССМ најдиректно ја покажува намерата на ГДУ и аргументирано ја конкретизира.

Бараме итна одлука на Владата, пред да биде укината вонредната состојба, со која ќе се измени моделот на доделување на државната помош и таа наместо во и онака дебелите сметки на газдите, ќе замине таму каде што е најпотребна кај вредните и чесни луѓе кои со својот секојдневен труд ја хранат голомазната државна машина.

Господа од власта, еве ви прекрасна шанса, да покажете колку навистина се грижите за обичниот работник, стои во соопштението на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.