Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје се одржа дводневна работилница за креирање уметнички дела од мозаик за деца и возрасни со аутизам и други специјални потреби

//

Во просториите на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, вчера и денеска се одржа дводневната инклузивна детска работилница „Мозаик инсталација во културна соработка и современо живеење-платформа за меѓународна соработка“.

Под раководството на мозаик уметничката Блашка Миева, деца и повозрасни лица со аутизам и други специјални потреби два дена твореа и се дружеа совладувајќи ги вештините за креирање на уметнички дела од мозаик.

Работилницата е дел од проект на „Добредојде Macedonia Welcome Centre“ финансиран со средства од Бугарската помош за развој обезбедени од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Во проектот учествуваа и невладините организации: „Во мојот свет“ и „Сончогледи кон сонцето“, кои се активни чинители на полето на работењето со деца и возрасни со аутизам и други специјални потреби.

Погледнете ја галеријата од овој прекрасен настан што се одржа во Бугарскиот културно-информативен центар:



Претходна статија

Македонија меѓу Унијата и Томосот

Следна статија

СДСМ работи за граѓаните, не успеа блокадата на Мицкоски

Најново од Вести