|

Пета транша од 11,3 милиони евра од унгарскиот кредит за поддршка на домашните компании

Министерството за финансии ја исплати новата, петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, наменета за поддршка на домашните компании. Средствата се трансферирани од буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки.

Во буџетот за 2025 година за оваа намена се проектирани вкупно 250 милиони евра. Досега кон домашните компании се префрлени пет транши во вкупен износ од 171,1 милион евра. Овие средства се обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, со цел да се пласираат по поволни услови за инвестиции во приватниот сектор.

Според податоците, досегашната искористеност на оваа кредитна линија од страна на домашните компании изнесува 68 %.

Слични Објави