| |

Документарна изложба посветена на големиот бугарски актер Апостол Карамитев ќе биде представена пред Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија

Документарната изложба „Апостол Карамитев – актерот витез“, посветена на творечката дејност и 100-годишнината од раѓањето на еден од најомилените бугарски актери, ќе биде отворена на 20 март во градската градина пред Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, известуваат од Сојузот на актерите во Бугарија (САБ).

До 2 април, 28 табли ќе раскажуваат за животот и творечкиот пат на големиот актер, кој ќе остане запаметен по одличните улоги на филмското платно и на театарската сцена.

За проектот, чиј куратор е Тинка Николова,се изкористени документи, фотографии, осврти, рецензии и интервјуа од архивата на САБ, Народниот театар „Иван Вазов“, Бугарската кинотека, Државната агенција „Архиви“ и личната архива на актерот. Координатор на проектот е Велислава Смилјанова.

Настанот е дел од 18-тото издание на Софискиот театарски салон.

Актерот роден во Бургас дипломирал на Државната театарска школа при Народниот театар во класата на проф. Бојан Дановски. И покрај краткиот творечки пат, тој оставил светла трага со својата мајсторска глума. Неговите театарски портрети на Ромео во Ромео и Јулија, Гвидо во Војвотката од Падова и Џери Рајан во Двајца на нишалка во Народниот театар остануваат иконски. За современиот гледач, за мајсторската глума на Карамитев зборуваат филмските ленти, кои ги запечатија улогите на Радослав/Радосвет во „Љубимец 13“, Апостол во „Специјалист за се“, чичко Георги во „Витез без оклоп“.



Слични Објави