Д-р Врабевски со предавање и совети за кариерен развоj пред ученици во Софија
Претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“, д-р Милен Врабевски, одржа предавање на тема „Патот до успехот“ пред средношколците од Второ средно училиште „Емилијан Станев“, Софија.
Предавањето го организираше раководството на училиштето, како дел од активностите на неговиот центар за кариера, кој има за цел да им помогне на младите со насоки во изборот на соодветен пат за кариера и да ги запознае со успешни индивидуи, кои придонеле за развојот на општеството.
На почетокот на предавањето, д-р Врабевски ги запозна младите со активностите на неговата научноистражувачка компанија Комак Медикал, неговиот приватен образовен комплекс „Цар Симеон Велики“ и приоритетите на создадената од него Фондацијата „Бугарска памет“.

Вториот дел од презентацијата беше посветен на чекорите до успехот. Д-р Врабевски ги советуваше младите да не се плашат од неуспех и да не се фокусираат на неизвесноста, туку напротив – да бидат храбри, одлучни, позитивни и конструктивни.
„Вие сте фактор! Утре, повеќе од кога било, ќе ни требате, бидејќи без вас не можеме да постигнеме напредок“, со овие зборови го заврши своето предавање д-р Врабевски, а потоа одговори на сите прашања на учениците.
