| |

Љупчо Ѓорѓиевски: Со забраната за името на Иван Михајлов, РСМ го предава делото на ВМРО

Со својата последна одлука Комисијата за употреба на имињата и министерот за правда сметаат дека проблем е именувањето на KЦ „Иван Михајлов“. Со ова РСМ го предаде делото на ВМРО и заштита на Македонците – истите луѓе кои некогаш се бореле и загинале за идеалите на ВМРО. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша претседателот на КЦ „Иван Михаjлов“ Битола Љупчо Георгиевски, по повод денешното негативно мислење на македонската Комисија за употреба на имињата за името на Иван Михајлов.

Според Ѓорѓиевски, со оваа одлука се брише „животот и борбата на илјадници Македонци кои загинале во името на идејата што ја далa темелите на оваа држава – ВМРО и нејзините водачи Даме Груев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов, луѓе кои јасно се декларирале како македонски Бугари“.

„Ако размислиме, до пред години кај нас беше табу само зборот бугарски, а сега веќе се бориме за човекови права. Иван Михајлов и нашиот културен центар, именуван во негова чест, не се запишани во државните регистри, туку во срцата на луѓето во Македонија“, пишува Ѓорѓиевски.

„Ние, македонските Бугари, знаеме по кој пат треба да оди Македонија. Не се откажуваме и ќе стигнеме до Стразбур, ќе се бориме за нашите права, за отстранување на фалсификуваната историја и за отворање на досиејата на УДБА и никој не може да не спречи“, заклучува Љубчо Георгиевски.

Слични Објави