| |

Бугарскиот краткометражен филм „Денот, кога таа ќе се роди“ се најде во официјалната селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Корча

Бугарскиот краткометражен филм „Денот, кога таа ќе се роди“ е избран во официјалната селекција на Меѓународниот фестивал на краток филм во Корча, Албанија, кој ќе се одржи од 9 до 13 септември 2025 година, јавува БНР.

Сценариото е дело на новинарот Емил Спахијски и романскиот режисер Богдан Мурешану, чии последен филм „Новата година, што никогаш не дојде“ беше селектиран во натпреварувачката секција „Хоризонти“ на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. Директор на фотографија е Кирил Проданов („Клопка“), а продукцијата ја потпишува „Доли Продакшнс“.

Филмот е снимен според истоимената творба на писателката Јорданка Белева. Во актерската екипа се Пламена Гетова, Иринеј Константинов, Јулијан Костов, Мирела Илиева и други.

Авторите откриваат дека покрај фестивалот во Корча, филмот веќе е прифатен и на уште најмалку четири меѓународни фестивали, чии имиња ќе бидат објавени дополнително. Бугарската премиера ќе се одржи во октомври во Софија.

Слични Објави