ПРОФЕСОРИ ОД ПОЗНАТАТА СОФИСКА ГЕРМАНСКА ГИМНАЗИЈА ВО ПОСЕТА НА ГДУ

//

Професори од познатата софиска Германска гимназија ја посетија централата на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ во Скопје.        Гостите предводени од долгогодишниот професор во гимназијата Григор Димитров-Грегори и  г. Венцислав Крстев, беа пречекани од секретарот на партијата Димо Петкоски.  Гостите од Бугарија ја изразија својата поддршка за Република Македонија. Професорот Димитров изјави дека мнозинството од населението во Бугарија ја сака Македонија и луѓето во Македонија, бидејќи како што се изрази професорот „Македонија и Бугарија се најблиски држави на Балканот“.

Григор Димитров е еден од најпознатите  професори од една од најпознатите гимназии во Софија, т.н Германска гимназија. Димитров предавал 32 години географија и историја во училиштето, а познатиот бугарски новинар Мартин Карбовски снимил документарен филм со наслов „Учителот“посветен на професорот.



Претходна статија

МУХАМЕД ЗЕЌИРИ ГОСТИН ВО 24 АНАЛИЗА НА ТЕЛЕВИЗИЈА 24

Следна статија

ПЕТАР КОЛЕВ: УСПЕАВМЕ ДОСТОЈНО ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ПОЗИЦИИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА НА ТРИДНЕВНАТА СЕСИЈА ОД ЕВРОПСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ И РЕФОРМАТОРИ ВО СОФИЈА

Најново од Вести