| |

Изложба „Првите жени на Софискиот универзитет“ се отвора во Софија

Изложбата „Првите жени на Софискиот универзитет“ денес официјално ќе биде отворена во 18:00 часот во Универзитетската библиотека на Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“, соопшти прес-службата на високообразовната институција, пренесува БТА.

Експозицијата ќе ја претстават доц. Биљана Јаврукова и д-р Илонка Колева. Повод за изложбата е 125-годишнината од приемот на првата жена студентка на универзитетот во учебната 1901/1902 година.

Во изложбата се претставени архивски документи и изданија од фондот на Универзитетската библиотека кои ги прикажуваат првите запишани студентки, првите асистентки, лекторки, првата жена странски лектор, како и првите жени кои докторирале и станале доценти, професори или носители на раководни функции во универзитетот.

Меѓу претставените личности се Теодора Рајкова-Ковачева, Живка Драгнева, Жана Николова-Галабова, Џан-Сун-Фен-Канети, Мерсија Макдермот, Вера Златарева, Елисавета Карамихајлова, Цветана Романска, Рада Балевска, Слава Стефанова, Михајлина Михајлова, Милена Цанева и академик Рајна Георгиева, кои придонеле за афирмацијата и рамноправноста на жените во академската заедница.

Слични Објави