| |

Младенов: Номинацијата за Врховен претставник за Газа е голема чест за мене

Поранешниот бугарски министер за одбрана и за надворешни работи Николај Младенов објави дека е номиниран да преземе улога во Советот за мир и како врховен претставник за Газа, при што ќе соработува со Али Шаат и тимот на Националната комисија за администрирање на Газа.

Тој наведува дека формирањето на Комисијата е клучен елемент за постигнување мир во Појасот Газа и изрази благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за, како што посочува, смелото лидерство и решителната дипломатија кои го направиле овој чекор возможен.

Според Младенов, со почетокот на втората фаза од примирјето, фокусот ќе биде на советување, поддршка и насочување на Комисијата со цел таа да обезбеди итна хуманитарна помош, да ги обнови основните услуги за населението и да гарантира дека целото оружје во Газа ќе биде под контрола на легитимната власт. Тој истакнува дека тоа е неопходно за премин кон обнова на разурнувањата и создавање одржлив пат кон траен мир и просперитет за Палестинците и Израелците.

Младенов им се заблагодарува и на посредниците и на сите партнери за континуираната поддршка во започнувањето на, како што го нарекува, овој критичен преоден процес.



Слични Објави