Киселова: Владата е стабилна, го правиме првиот буџет во евра
Владата ќе остане стабилна сѐ додека има доволно пратеници кои ќе ја поддржуваат.Приоритетите на владата во моментов се постепено преминување кон еврото, првиот буџет во заедничката европска валута, членството на Бугарија во ОИСР, како и постепено надминување на проблемите на граѓаните – недостигот на вода, социјалните прашања и образованието.
Ова го изјави претседателката на Народното собрание Наталија Киселова за време на одбележувањето на 148 години од Шипченската епопеја, пренесува БГНЕС.
Киселова додаде дека при својата посета на Бугарија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе се сретне исклучиво со претставници на извршната власт. Според неа, овие средби се значајни сигнал за насоката по која Европската унија ќе продолжи во услови на „турбулентната геополитичка ситуација“.

