УЈП исплати 825 милиони денари кон корисниците на „МојДДВ“
Управата за јавни приходи (УЈП) ја извести јавноста дека досега исплатила 825 милиони денари кон корисниците на апликацијата „МојДДВ“ за скенираните сметки во второто тримесечје од 2025 година.
„Како се обработуваат налозите, така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ“, соопштуваат од УЈП.
Од институцијата апелираат сите граѓани кои во претходните исплати не добиле средства на своите сметки да направат проверка на внесените податоци за трансакциските сметки. „Доколку увидат неточни податоци за трансакциската сметка, истите може да ги сменат директно во апликацијата. На тој начин Управата за јавни приходи ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ“, порачуваат од УЈП.

