Научници од Универзитетот на Флорида развија експериментална mRNA вакцина против тумори
Научници од Универзитетот на Флорида претставија експериментална mRNA вакцина, која во претклинички тестирања врз глувци покажала ефикасност против различни видови тумори, вклучувајќи и оние што вообичаено се отпорни на третман. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature Biomedical Engineering, јавува БГНЕС.
За разлика од традиционалните терапии насочени кон специфични типови тумори, новата вакцина го активира општиот имунолошки одговор на организмот. Таа ги „разбудува“ имуните клетки и ја прави канцерогената ткивна структура поранлива на напад. Дополнително, вакцината е комбинирана со инхибитори на имунолошки контроли – лекови кои ги отстрануваат „кочниците“ на одбранбениот систем. Оваа комбинација предизвикала силен антитуморен одговор и во некои случаи целосно уништување на отпорните тумори.
Истражувачите забележале позитивен ефект и само со вакцината, но најдобри резултати биле добиени при комбинирана терапија. Тимот сега работи на нови формули на mRNA вакцината и се подготвува за клинички испитувања.
Претходно, истата група научници идентификува нов метод за лекување на леукемија: природното соединение форсколин може не само да го запре растот на клетките на туморот, туку и да го засили дејството на хемотерапијата.

