Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје со изложба за почетокот на новата учебна година
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ги кани љубителите на уметноста и на културата на отворањето на изложбата „Бисерите на Малиот битолски Монмартр“ и на официјалното отворање на учебната 2025/2026 година, јавуваат од БКИЦ-Скопје.
Настанот ќе се одржи на 4 септември 2025 година (четврток) со почеток во 18:00 часот во Галеријата на БКИЦ–Скопје.
Организаторите најавуваат богата културна програма и ја истакнуваат симболиката на изложбата, која е дел од традицијата на „Малиот битолски Монмартр“ – еден од најпознатите детски уметнички фестивали во регионот, познат по талентираните млади творци од земјата и од странство.
Со овој настан, Бугарскиот културно-информативен центар ја започнува новата учебна година, која ќе биде исполнета со бројни културни и образовни активности.

