| |

ГДУ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ГИ ТРГНАТ РАЦЕТЕ ОД СУДСТВОТО И МЕДИУМИТЕ!

Борбата против широко распространетата корупција останува да биде само декларативна заложба на власта. Годишниот извештај за човекови права во Северна Македонија објавен од страна на американскиот Стејт департмент е потврда дека нема резултати во борбата против корупцијата. 

Кога се работи за овој сериозен проблем, очигледно дека политичарите се силни само на зборови.

Притоа Стејт департменот укажува и на ограничената независност на судската власт, но и на поделеноста на медиумити и на заплашување на новинари, политизација на јавната администрација.

Овие наводи се навистина загрижувачки. Притоа треба да биде јасно дека врз основа на овие работи ќе се носи и одлука во ЕУ дали ќе се започнат преговори. Имаме уште неколку месеци.

ГДУ како партија постојано алармира дека мора да се засукаат ракавите и не само со зборови, туку и со дела да се покаже дека постои желба да одиме напред. Мора да се почитуваат правото и правдата, политичарите да ги тргнат рацете од судството и медиумите, во администрацијата да се вработуваат кадри врз основа на образование, квалификации и знаење, а не пресудна да биде партиската книшка.

Предупредуваме дека корупцијата бара радикална борба, а не парцијално дејствување и затоа ја охрабруваме Антикорупциска комисија да не подлегнува на никакви притисоци, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.



Слични Објави