|

„Празна торба, со 120 денари не можеме да го поминеме денот“ порака на пензионерите до Велковски

„Празна торба. Немам пари да купам и да ја наполнам. Не да ја наполнам, да ставам барем лепче и оваа вечер така ќе седам. Еве ја празната торба. Со 120 денари не можам да го поминам денот“, рече еден од пензионерите од Неготино, револтиран на покачувањето на пензиите од само 5%.

Ваквиот став го истакнаа голем дел од пензионерите од Општина Неготино на средба со техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

„Кога буџетски средства, пари на граѓаните, се трошеа на други работи во изминатите седум години, нормално е да нема пари за пензионерите, смета Велковски.

„Овие мизерни 5% сега во април што треба да ги добиете како тие што ги нарекуваат, покачување, тоа нема врска со покачување, туку е усогласување на пензиите. Кој сака нека ме коригира, јас стојам на ставот што сум го донел, дека 5% на пензиите коишто ги примате тука во најголем дел во оваа просторија, а претпоставувам дека имаат под минималната, под 20.000, да не кажам дека тука има луѓе кои што примаат 13, 14 или 15.000 денари. И такви ве има многу. Затоа сум исправен денеска и зборувам искрено пред вас“, рече министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски пред пензионерите од Неготино.



Слични Објави