| |

Проф. д-р Христова: Бараме европска и американска поддршка против фашистичката и дискриминаторска пропаганда кон младите македонски Бугари што живеат во Северна Македонија

Универзитетската професорка Дореана Христова преку својот facebook профил упати повик до амбасадите на Франција и САД во Скопје и до ОН, ЕУ и сиот напреден свет во однос на фашистичката и дискриминаторска гебелсова пропаганда кон младите македонски Бугари што живеат во Северна Македонија.

„До Француската и Американската амбасада во Скопје, ОН, ЕУ и до сиот напреден свет.

Бараме европска и американска поддршка против фашистичката и дискриминаторска гебелсова пропаганда кон младите македонски Бугари што живеат во Северна Македонија, кон кои плагијаторската партија ВМРО-ДПМНЕ, некои универзитетски професори и академици од МАНУ предвидуваат расистичко однесување, не дозволувајќи им ги човековите права што нормално им следуваат и расистички лишувајќи ги од нивното евидентирање во македонскиот Устав“, пишува проф. д-р Дореана Христова.

Слични Објави