| |

ВИДЕО: 40 МРТВИ ПО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ДВЕ ЏАМИИ ВО НОВ ЗЕЛАНД

Најмалку 40 лица загинаа, а најмалку 20 лица се сериозно повредени во терористички напад на две џамии во Крајстчерч Нов Зеланд.

Според сведоците, барем едно лице отворило оган од автоматско оружје кон луѓето што дошле да се молат во џамиите. 

Уапсени се четири лица (тројца мажи и жена). Еден од напаѓачите е идентификуван како Брентон Тарант, а медиумите објавија дека на својот фејсбук-профил тој во живо го пренесувал нападот, кој самиот го квалификувал како терористички.

Полицијата деактивирала неколку импровизирани експлозивни направи што биле закачени на моторни возила.


Слични Објави