„Ми изгоре целото семејство“ – Член на семејството Јахи со потресна изјава за „Слободен печат“
„Ми изгоре цело семејство”, изјави член на семејството Јахи од Скопје-Север за Слободен печат кој во трагедијата во Бугарија изгубил 10 члена заедно со членови на семејство Мухаџери со кои се во роднинска врска.
Од семејството изјавија дека нивните роднини заминале на туристичко патување во Истанбул, и како што велат заминале на „пат за да не се вратат никогаш”.

