ГРУБИ ПОВИКУВАЈЌИ СЕ НА ОБСЕ БАРА ПАРТИИТЕ ДА НЕ ДАВААТ ОТЧЕТ ЗА БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ СО КОИ СЕ ФИНАНСИРААТ

Вести Истакнато Македонија

Политичките партии во државата се повикуваат на ОБСЕ и сакаат да ги „сокријат“ парите кои ги добиваат и од донации и од државен буџет. Претседателот на собраниската комисија за европски прашања Артан Груби денеска посочи дека според препораки на ОБСЕ партиите не би требало да се сметаат за иматели на информации од јавен карактер. Тоа го кажа на дебатата за новиот закон за пристап до информации од јавен карактер, јавува телевизија Телма. Говорот на Груби предизвика шок за присутните невладини организации кои сметаат дека парите кои од државна се префрлаат на партиска сметка треба да бидат достапни за јавноста директно од партиите, а не по заобиколен пат преку државни органи.