ГЕРМАНИЈА ЈА РАЗГЛЕДУВА МОЖНОСТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА ТУРЦИЈА
Германија стравува дека проблемите на Турција би можеле негативно да влијаат на економската ситуација во Европа и да доведат до нестабилност на Блискиот Исток. Германската влада ја разгледува можноста за обезбедување на итна финансиска помош на Турција, јави дописникот на „Њуинформ”, цитирајќи странски извори.
Моментално, се разгледува можноста за обезбедување на широк пакет финансиска помош, договорена од страна на сите членки на ЕУ. Втората опција се ограничените заеми насочени кон обезбедување на помош во специфични области. Властите на Германија забележуваат дека во моментов Турција се наоѓа во тешка економска состојба.

