Пресметките во Пиринска Македонија во периодот 1924-1934 биле на идеолошка основа
Facebook статус на Ели Секуловска
Потрошив еден час и нешто за да ја изгледам дебатата со Љубчо Георгиевски и Марјан Ѓорчев. Иако не очекував нешто посебно, но реков ајде да видам. Љубчо поткажува нешто, ама не до крај, а Ѓорчев целосно ги извртува фактите.
Ѓорчев вели дека од 1924 година до 1934 година на територијата на Пиринска Македонија немало место каде не е убиен некој Македонец!
Вакво извртување на фактите е недозволиво за еден поранешен амбасадор и тоа во Бугарија!
Ѓорчев истовремено ги споменува имињата на Димо Хаџи Димов и Петар Шанданов и вели дека Шанданов бил убиен!!!! Молам ?
Ајде малку да му објасниме на Ѓорчев.
Имено , Димо Хаџи Димов како и Петар Шанданов не биле Македонци , туку Бугари кои не се пресметувале со останатите на национална основа, туку на идеолошка. Во прво време, и двајцата припадници на десничарското крило на ВМРО, за потоа, да преминат на страната на левицата. После 1917 година, поточно после Октомвиската Револуција, под влијание на Комунистичката партија на Русија, поточно на Чека, потоа НКВД, на крај КГБ,тие се материјално помагани од страна на истата.
Сакам да му кажам на Ѓорчев дека сите тие пресметки што се случувале на територијата на Пиринска Македонија во периодот 1924 до 1934 година , биле премсетки меѓу левицата и десницата, т.е на идеолошка основа, а не на национална.
Димо Хаџи Димов е убиен од Черноземски , додека пак Шанданов за времето на комунистичка Бугарија ќе извршува доста висока функција. Шанданов не е убиен , туку починува во 1971 година во Софија.
Впрочем, исто како и во Србија каде не се убивале на национална, туку на идеолошка основа, едните комунисти, а другите Љотичевци, Недичевци и Дражицевци.
Е сега доаѓаме до клучната поента.
Во Македонија, после 1945 година луѓето се убивани не на идеолошка, туку на национална основа. Кремот на македонската интелигенција кои се декларирале како Бугари се убиени, затворени и целосно опљачкани. Значи, во Македонија луѓето се убивани на национална основа, а статистиката кажува дека се убиени 23 000 луѓе!
На крај , Ѓорчев вели дека бил ВМРО, а цело време зборува за некаки си партизани и фашисти?
Од каде Ѓорчев е ВМРО кога ВМРО се бореше против партизаните?
Исто така никој не споменува за грабежите , конфискациите и национализациите иако Македонија предничи според бројот на одземени имоти. 90% од приватниот капитал е одземен.

