ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ СЕ ЗАКАНУВА НА ГРАЃАНИ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА FACEBOOK

„Леташ у облаците, пази да не удариш некаде“, се вели во дел од коментар на facebook напишан од директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров под пост на вознемирен граѓанин кој го коментира договорот за набавка на цвеќиња од страна на општина Штип со фирма, за која се смета за блиска на локалната власт.

Директорот на затворот во Штип го советува граѓанинот, кој со своите даноци му ја плаќа платата да ги „провери фактите“ и да се консултира си Законот за јавни набавки.

Според Тодоров тендерот за цвеќињата е транспарентен иако на истиот има само еден понудувач и не на последно место се случува во време кога Македонија и самиот град Штип се бори со епидемија на опасен вирус.