„ПОШТА“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ, АМА ДИРЕКТОРИТЕ СИ ДЕЛЕЛЕ БОНУСИ

/

Државниот завод за ревизија открил низа на нерегуларности во работењето на АД Пошта. Ревизорите констатирале дека во услови кога Поштата работи со загуба, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори за менаџерско осигурување за седуммина членови на Управниот и на Надзорниот одбор.

Според извештајот, платено е менаџерско осигурување за период од 1.04.2018 до 1.04.2019 година во вкупен износ од 2.760.000 денари, или околу 45.000 евра.

АД Пошта работела со загуба, која до крајот на 2018 година изнесувала околу 10 милиони евра, од кои само во 2018 година се направени над 2,5 милиони евра, а остатокот е од претходните години, што говорело дека финансиската состојба на друштвото е значително влошена.

Тоа, пак, според прописите, укажувало дека во такви услови не требало да се склучуваат договори за осигурување на менаџерите, односно дека трошоците за менаџерското осигурување не биле целисходни.



Ревизорите одговорноста ја лоцирале кај Фадис Реџепи, генерален директор и претседател на УО од 1.09 2014 до 31.08.2018 и кај Ејуп Рустеми кој е генерален директор и претседател на УО од 1.09.2018 година.

Претходна статија

ДВЕ ДЕЦА НА 5 ГОДИНИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП-КОЧАНИ

Следна статија

ОД 15 ЈУНИ МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА

Најново од Вести