ПОЛИЦАЈКА ОД КУМАНОВО ВОЗИ АВТОМОБИЛ СО НОЗЕ ПРЕКУ ПРЕКУ ПРОЗОР

/

ТВ Телма објави прилог за скандалозно однесување на полицајка од Куманово. Возела автомобил со нозе преку прозор, качени на управувач и се снимала, а видеото потоа се раширило со споделувања и по социјалните мрежи.

„Oд снимките се гледа дека видеото е снимано на автопат, а празните коловозни ленти ја отвараат и дилемата дали тоа можеби се случувало и за време на полициски час? Видеото кое беше доставено до Телма по социјалните мрежи почнало да се споделува на 11 и 12 мај“, јави Телма. 

МВР потврдило дека станува збор за Д.Ј. која добила укажување за недолично однесување.

„Бидејќи станува збор за полициски службеник од страна на СВР- ПС-ОН Куманово ќе биде известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за превземање на понатамошни мерки“, вели МВР.



(Скандалозното видео погледнете го овде)

Претходна статија

КОЛЕВ: ПРАТЕНИЦИТЕ ОД „ЗАБОРАВЕНИОТ ИСТОК“ ГИ ИМА САМО НА СПИСОЦИТЕ СО РЕКОРДЕРИ ЗА ПРИМЕНИ ПАТНИ ТРОШОЦИ

Следна статија

ДВЕ ДЕЦА НА 5 ГОДИНИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП-КОЧАНИ

Најново од Вести