| |

КОЛЕВ: ПРАТЕНИЦИТЕ ОД „ЗАБОРАВЕНИОТ ИСТОК“ ГИ ИМА САМО НА СПИСОЦИТЕ СО РЕКОРДЕРИ ЗА ПРИМЕНИ ПАТНИ ТРОШОЦИ

„Луѓето од „заборавениот исток“ сами да си одговорат на прашањето што е изградено во нашиот регион. Каде се пратениците од истокот да го постават тоа прашање? Нив ги има само на списоците со рекордери за користење на патни трошоци. Тоа треба еднаш засекогаш да се смени. Истокот мора да има пратеници кои ќе зборуваат за реалните проблеми на тој најсиромашен дел на Македонија“, стои во објавата на првиот човек на ГДУ, Петар Колев.

Во продолжение погледнете дел од гостувањето на Колев во емисијата „168 Анализи и коментари“ на штипската телевизија „ТВ Стар“.



Слични Објави