Шаќири: Во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците

/

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири верува дека во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците кои што недостасуваат.

– Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници. Со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение. После основањето на националниот совет за учебници основан во јануари-февруари направен е јавен повик за пријавување на автори, рече Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната пленарна седница, пренесува Канал 5.

Тој информира дека од последната комуникација што ја имал со Националниот совет, сите книги што се прифатени, се упатуваат во Бирото за образование и потенцира дека потоа се чека мислење од рецензентите.





Претходна статија

Ковачевски: Субвенциите за земјоделците за 2023 година ќе се исплаќаат уште на почетокот на првиот квартал од годината

Следна статија

Ковачевски: Се водат интензивни преговори за да се обезбеди струја по пониски цени од берзанските

Најново од Вести