ВОЗРАСЕН БРАЧЕН ПАР НАПАДНАТ ОД НИВЕН СОСЕД

СВР Скопје, соопшти дека вчера во 09.49 часот Л.К.(69) од Скопје пријавил дека околу 09.45 часот во заеднички простории од зграда на бул.„Видео Смилевски Бато“, поради меѓусебно недоразбирање и претходна расправија, тој и неговата сопруга Д.К. биле физички нападнати од нивниот сосед Д.Н.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.