|

Ковачевски со сочувство за смртта на Димовски: Успеа да направи историски исчекор во работничките права

Премиерот Димитар Ковачевски изрази сочувство по повод смртта на претседателот на Сојузот на синдикатите, Дарко Димовски.

„Со огромна жал ја примив веста за прераната смрт на Дарко Димовски, претседателот на ССМ. Изразувам најдлабоко сочувство до неговото семејството, колегите и пријателите.

Неговата посветеност на борбата за правата на работниците беше исклучителна, а неговата вклученост во синдикалното и работничкото движење остави неизбришлива трага која и понатаму ќе е пример за посветена и успешна работа.

Со неговата отвореност, прагматичност и подготвеност за дијалог успеа да направи историски исчекор и напредок кој и во годините кои доаѓаат ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите работници во државата. Слава му!“, напиша Ковачевски.



Слични Објави