ДИМИТРОВСКИ: „БУГАРИЈА НИ СЕ ИЗВИНУВА ЗА ВЕТОТО ЗАТОА АМБАСАДОРОТ СЕ РАСТРЧАЛ СО ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ ЗА РАЗНИ ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ“
„Бугарија има причина да ни се извинува за она што ни го направи со ветото во ЕУ, тоа се гледа од сите изјави подоцна и на г-нот Борисов, кој што постојано зборува „ништо не е толку страшно ветото што ви го ставивме“. Гледаме дека бугарскиот амбасадор во Скопје се растрчал со некакви хуманитарни акции за разни деца со попречености. Тоа е некакво чувство на некаква вина кое што сега се пере со некакви хуманитарни акции. Ние не треба да имаме никаков проблем со таа донација“, изјави заменикот-министер за локална самоуправа Зоран Димитровски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
