НА СИТЕ ШТО ПРОДАВААТ МАКЕДОНШТИНА, А ИМААТ „СРПСКА“ ПОЛИТИЧКА ПАМЕТ!

Во врска со моето интервју дадено за бугарската агенција БГНЕС, се
објавени триесетина написи низ овдешните, исто како што се публикувани и стотина навреди и пцости низ социјалните мрежи. При тоа и тие што ме критикуваат, исто како и тие што ми солат памет и ме потсетуваат што се Македонија им дала на овдешните
Албанци, значи и тие што ми велат дека казната ќе уследи, исто како и тие што ме потсетуваат дека оваа Македонија ми дозволила да бидам тоа што сум, само ми ја зацврстуваат вербата за тоа што го велам и во интервјуто: дека дел од македонските елити беа и останаа робови на „србо-титоистичката„ политичка памет, памет која ги залажува да веруваат дека нивниот интелектуализам и судбината на нивниот народ, зависта од количеството омраза кон Албанците и Бугарите во нив.

Значи во врска со тоа интервју се изречени многу нешта, кои собрани онака „топтан„ само ги потврдуваат моите ставови дека македонскиот народ плаќа, и ќе плати, голем це заради
„српската„ политичка памет на некои негови интелектуалци, а кои веруваат дека во Македонија и земјата, и воздухот и небото над неа, имаат етничка е религиозна припадност, и таа нивна припадност е македонско-православна?!

И многу од тие реакции, коментари и пцости, ме прават да ги сожалувам жртвите на београдската политичка школа, а кои градат држава врз темелите на омразата кон Албанците и Бугарите, кон тие што веруваат дека Македонците се тие што даваат, а Албанците тие што земаат и оти, Албанците и Бугарите се природните непријатели на Македонците!?

Да сите тие медиумски написи, било да се добронамерни или злонамерни, сакат да ја задскријат вистината дека за време на социјализмот, како и потоа, оваа држава, на Албанците им ја одзеде можноста да го поседуваат своето, и дека ако не повеќе оваа Македонија на нив им должи едни јавно извинување за децениите кога овдешниот Албанец можеше да биде само политички затвореник, само каналџија, само дрвосеча…, кога…, кога…., кога Македонците живееја а Албанците се бореа да преживеат!

Затоа дами и господа, не трошете време со моето интервју туку потрудете се да се ослободите од ропството на „српската„ политичка памет, памет која опстојува врз столбовите на антуалбанството и антибугарството. И откако ќе се ослободите од ова ропство, ќе живеете по слободно, како и полесно ќе увидите дека не е рамноправност кога вие „давате„ а ние „земаме„ туку кога секому му припаѓа своето, како што ќе видите дека вас не ве ризикуваат Албанците или Бугарите, туку слепилото што ве спречува да ја видите
вистината за себеси и за другите.

Во меѓувреме да јавно да признавам дека никако не можам да разберам зошто некои Македонци интелектуалци толку се загрижени заради моите јавни ставови кога тие ја имаат поддршката на државниците на ДУИ, а кои велат многу нешта за да не се разбере што
кажуваат и кои се робови на „српската„ политичка памет и затоа, исто како и вие, не можат да увидат дејка „Балканскиот мини шенген„ е српски проект кој има за цел Македонија да ја врати таму каде што беше – во „Србославија„.

loading...

Автор: Ким Мехмети/БГНЕС



loading...