|

Стоилковски: Фирмите на Заеви должат над 1 милион евра данок

Фирмите „Сара Инженеринг“, „Сара Јавор“ и „Дравас“, најзвучните фирми коишто се поврзуваат со семејното име Заев, должат над 1 милион евра данок, долг кон државата. Според мартовската листа на должници, фирмата „Дравас“ должи над 43.230.000 денари, „Сара Инженеринг“ должи над 19.104.000 денари, „Сара Јавор“ околу 2.190.000 денари. Трите фирми задно вкупно должат над 64.500.000 денари. Над еден милиони евра долг за данок кон државата! Фирмите поврзани со Заеви редовно се на листата на должници кон УЈП, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој истакна дека СДСМ државата ја втураат од криза во криза, нема пари за субвенции, нема пари за помош, дури и помошта што ја дадоа на трговците им ја бараат назад, а фирмите коишто се поврзуваат со семејните фирми со предзнакот Заеви – може да должат данок.

– Во време на тешки кризи за коишто одговорноста на СДСМ понатаму ќе се испитува, во време на безмилосни ригорозни рестриктивни мерки кон граѓаните, фирмите поврзани со бате или член на фамилијата должат над милион евра за данок! Фирмите на Заеви на годишно ниво вртат над 50 милиони евра. Дел од семејните фирми добиваат државни лиценци и дозволи од државата, и се дел од бизниси со големи добивки, но на крај тие редовно не си ги сервисираат долговите кон државата. За граѓаните и оние коишто не се дел од мрежата на фамилијата им се блокираат фирми и сметки и им се запленува имот кога должат, а тоа не важи за фирмите поврзани со познатото презиме. Дури и паричната помош ја бараат назад, појасни Стоилковски.

Портпаролот додаде дека Македонија не може да издржи ниту еден ден повеќе вакво однесување, граѓаните не смеат повеќе да бидат делени на повластени и граѓани од втор ред.

– Предвремени избори се поевтини од било кој еден ден поминат со СДСМ на власт, дециден е Стоилковски.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави