|

СТЕФАНОВА НЕ ЗНАЕ ЗА ПИСМОТО НА ЈАНЕВА

Обвинителите Лиле Стефанова и Артан Ајро, по денешното рочиште за предметот „Титаник“, не одговорија на прашањето дали и што се разговарало на колегиумот на СЈО за писмото на Катица Јанева, која преку судот до нив испратила барање сите истраги и обвиненија во рок од три дена да му бидат предадени на Јавното обвинителство, јавува Лидер.

Стефанова рече дека не знае ништо за писмото, бидејќи била на судење.

– Не знам, бев на судење, не го знам тоа писмо. Кога ќе го прочитам, ќе ви кажам. – рече кусо Стефанова по што замина во службеното возило.

Слични Објави