ПРВИОТ „ТЕХНИЧКИ“ ПРЕМИЕР ДИМИТРИЕВ: ТЕХНИЧКА ВЛАДА ИМА ВО ЗЕМЈИТЕ КАДЕ ПОЛИТИКАТА ИМА ГОЛЕМО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ИНСТИТУЦИИТЕ

Првиот технички премиер Емил Димитриев, кој на таа фукција наместо сто дена како што беше договорено во Пржино, остана 16 месеци денеска за емисијата „Утрински брифинг“ вели дека е потребно да го издигнеме општеството на ниво на кое нема да има потреба од таква влада, во кое институциите ќе функционираат независно од политиката.

„Мое лично мислење креирањето на една ваква влада е лош сигнал за Македонија, особено што тоа дојде по неколку успешни циклуси. Овој тип на влади е својствен за општества каде политика има силно
влијание во институциите и се бара како тоа влијание да се сведе на
минимум и партиите да се контролираат едни со други. Ова не е
нешто со кое ние како влада треба да се гордееме. Си го прифативме
како решение и секоја партија се бори да го има како механизам,
вели Димитриев за „Утрински брифинг“.