ОСПОРЕНО КРАТЕЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЈО И ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР
Пред Уставен сум се оспорени Уредбата за прашањата поврзани со изборите, Уредбата за платите на вработените во СЈО и за висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, пренесува „БИРН“.
„Досега имаме примено вкупно три иницијативи со кои се оспорува уставноста на некои од уредбите со законска сила што ги има донесено Владата“, вели претседателот на Уставен суд, Сали Мурати, во разговор за БИРН (Призма).
Последната оспорена иницијатива, всушност, се однесува на платите на судиите, кои заедно со обвинителите добија минималец од 14.500 денари, како дел од мерките на Владата.Иницијаторот се повикува на фактот дека постои посебен закон, а тоа е Законот за платите на судиите, каде што пишува дека нивната плата не може да биде намалена со закон или одлука на државен орган.
